Најдобрата дестинација за меден месец е во Хрватска


Светски познатиот портал за патувања, European Best Destinations, објави листа на најдобрите дестинации за меден месец во Европа. На листата се места во Франција, Хрватска, Грција…

Цавтат, мал град во дубровничко-неретванската жупанија, се најде на врвот на нивната листа.

„Најдобрата дестинација за меден месец оваа година е прекрасниот, сончев, романтичен Цавтат на југот на Хрватска“, пишува овој портал.

Сместено на неколку минути од Дубровник и неговиот меѓународен аеродром, Цавтат на заљубените им нуди свадбени услуги „клуч на рака“, како и бескрајни можности за меден месец и сместување во хотели со пет ѕвездички со поглед на море, велнес, спортски активности, базен…“, додаваат.

Велат дека во Цавтат има бројни ресторани покрај море и модерни барови.

„Дозволете си меден месец со пет ѕвездички во трендовска дестинација која е на прво место меѓу најдобрите дестинации за меден месец“, велат тие и објаснуваат како да стигнете до Цавтат и каде да резервирате сместување.

На списокот има уште 12 дестинации, како што се италијански Позитано, грчки Санторини, Рим, Париз, Будимпешта, Лисабон и Венеција.