Најдобар рецепт за ручек за штедливи домакинки


Вака тоа го прават штедливите домаќинки! Доколку сакате да го израдувате вашето семејство со евтино и вкусно јадење, тогаш ви предлагаме да направите пилешко со кашкавал и кромид.

Цените вртоглаво пораснаа во продавниците и обично се потребни многу пари за да се направи вкусен ручек. Но, не ако сте штедлива домаќинка и ја имате нашата помош! Наоѓаме рецепти за специјалитети кои се евтини и толку вкусни што постојано ќе се враќате. Заштедете пари и направете француско пилешко со кашкавал и кромид за ручек кој чини околу 350-400 денари.

Состојки:

40 гр путер
4 пилешки филети
2 црн кромид
1 лажица сечкана мајчина душица
1,5 лажици пченкарно брашно
1,5 чаши бујон – коцка супа
125 гр кашкавал
2 лажици сечкан магдонос

Подготовка:

Зачинете го пилешкото по желба, па пропржете го од двете страни во тавата во која сте го загреале маслото. Потоа извадете го месото, па растопете го путерот и додадете ги исечканиот кромид и мајчина душица. Пржете додека да омекне, потоа прелијте го поголем дел од бујонот, а останатиот бујон измешајте го со брашното (да нема грутчиња) и истурете ја во тавата. Се динста околу 2 минути, а потоа се посолува и се забиберува. Варете уште неколку минути додека не се згусне сосот. Вратете го пилешкото во тавата и пржете уште неколку минути, вртејќи. Посипете со рендан кашкавал и оставете го на шпорет додека да се растопи кашкавалот, а можете да го ставите во рерна пет минути. Посипете со сечкан магдонос.