Над 70 проценти од Украинците веруваат дека Трамп „не е добар“ за Украина

Околу 73 отсто од Украинците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп не е добар за Украина, што е голем скок од декември 2024 година, кога само 21 отсто го оцениле негативно, покажува истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КМИС) објавено денеска.
-Минатиот декември, откако Трамп беше реизбран, но пред да ја преземе функцијата, 54 отсто од Украинците веруваа дека новиот американски претседател ќе има позитивно влијание врз Украина. Само 19 отсто го мислеа тоа во март, објави КМИС.
Помеѓу 12 и 22 март, 55 отсто од Украинците рекоа дека очекуваат прилично или целосен нефер мировен договор од Трамп, што е благ пад од 58 отсто меѓу 14 февруари и 4 март, но значително зголемување од 31 отсто во декември. Во исто време, во декември 2024 година, 23 отсто од Украинците изразија уверување дека Трамп ќе донесе праведен мир, додека 11 отсто од нив ја зазедоа таа позиција меѓу 14 февруари и 4 март и 18 отсто меѓу 12 и 22 март, пренесуваат украинските медиуми.
Истражувањето наведува дека Украинците сега ја гледаат Европа како посигурен сојузник од САД, а 64 отсто од испитаниците мислат дека европските партнери сакаат Украина да постигне мир под прифатливи услови, додека само 24 отсто од испитаниците имаат такво мислење за САД.
Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја, покажува најновата анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев.
Според резултатите од истражувањето на 1.326 лица од територијата на Украина, 32 отсто од испитаниците рекле дека очекуваат „прилично нефер мир, иако со исполнување на некои украински барања“, додека 22 отсто рекле дека очекуваат „целосен нефер мир“.
Само три отсто од анкетираните рекле дека веруваат дека Трамп може да постигне праведен мир, додека 15 отсто рекле дека очекуваат „прилично праведен мир, со одредени отстапки за Русија“.
Бројките сугерираат дека Украинците станаа помалку оптимисти за напорите на Трамп да стави крај на војната во Украина откако тој ја презеде функцијата во јануари.