На воената парада во Москва ќе присуствуваат 29 странски лидери


Годинешнава парада беше многу поскромна. На неа беа претставени и ракетите „Јарс“ (Фото: АП)

На воената парада на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија се очекува да присуствуваат 29 странски лидери, воени претставници од Кина и претставници од уште 12 држави, изјави денеска советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека е предвидено рускиот претседател Владимир Путин да има и билатерални средби со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот на Словачка, Роберт Фицо.

На воената парада во Москва поканети се и над 150 акредитирани дипломатски претставници во Русија, како и министри за одбрана од повеќе земји.

– Очекуваме дека 34 земји ќе испратат претставници на своите министерства за одбрана, нагласи Ушаков.

Тој додаде дека Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Босна и Херцеговина, Бразил, Буркина Фасо, Венецуела, Виетнам, Гвинеја-Бисао, Египет, Зимбабве, Кина, Конго, Куба, Лаос, Монголија, Мјанмар, Палестина, Србија, Словачка, Екваторска Гвинеја, Етиопија ќе бидат претставени на највисоко ниво.

Претходно, Украина соопшти дека секое учество на странски воен персонал на парадата ќе го смета за „поддршка за земјата агресор“.