На веб-страница сите информации за корона вирусот

Отворена е нова веб-страница koronavirus.gov.mk каде граѓаните ќе можат да ги најдат сите информации за заштита од корона вирус.
Како што соопшти министерот Венко Филипче, на страницата ќе бидат сите податоци кои се споделуваат со јавноста околу корона вирусот.
Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Android и iOS) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од www.koronavirus.gov.mk/app.
Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи, кои се достапни на следните линкови:
www.facebook.com/koronavirus.
www.instagram.com/koronavirus.
www.twitter.com/KoronavirusMK