На турскиот брег најдени угинати делфини
Повеќе од дваесет угинати делфини најдени се на плажа во Истанбул, на Црното Море, а стручњаците прашуваат дали нивната смрт има врска со војната во Украина, пишуваат денеска турските медиуми.
Волонтер од невладината организација за помош на животните пронашол 24 делфини на плажата во Агачли, северно од Истанбул, на Црното море и ги известил властите, објави приватната турска телевизиска мрежа Ен-ти-ви.
Полицијата ги однела угинатите животни за да се утврди причината за нивната смрт.
„Брегот на другата страна од Црното Море е воена зона. Дали угинале поради хемикалии во морето? Мора да ја откриеме причината“, рече за телевизијата Гуркан Газоглу, волонтерот кој ги пронајде угинатите животни, покажува на делот од Украина кој излегува на Црното Море.
„Веќе еден месец забележуваме необично голем пораст на бројот угинати делфини на западниот брег на Црното Море во Турција“, соопшти денеска туската Фондација за истражување на морето.
Повеќето делфини инаку угинуваат кога ќе се заплеткаат во рибарски мрежи, но олкав број на Црното Море не може да се објасни, се наведува од Фондацијата.
„Го проучуваме влијанието на климатските промени, зајакнатиот поморски сообраќај, рибните миграции и силните воени активности поради кои делфините заминуваат на југ“, додаваат.