На Тиквеш Фестивал на младо вино како на концерт: Настап на Калиопи, Васил Хаџиманов Бенд и Зарина Првасевда
17/11/2022 12:53
Докажаниот џез виртуоз, пијанистот Васил Хаџиманов со својот бенд од Белград, поп-дивата Калиопи и македонската уметница Зарина Првасевда – ќе ги забавуваат гостите викендов на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ .
Уникатноста на Васил ( син на легендарните Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ) и неговиот бенд е во комбинирањето на балканските традиционални, фолк ритами и западните, модерни музички стилови џез, фанк, рок, ворлд мјузик
Престижниот настан, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот – двадена ќе го слави првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба, под мотото „За виното, во хармонија со природата“. Поканети се претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот, познати јавни личности, деловни пријатели и вработени. Влезот е само со покана.
Зарина Првасевда исполнува светска традиционална музика, а првиот албум „ЕХО“ ѝ го објави „Кроација рекордс“
Која е тајната на веќе 13. Тиквеш фестивал на младо вино на кој сакаат да дојдат сите- од анонимни до познати?
Основачот и член на инвестициската група „М6“.- Светозар Јаневски
Пред сѐ, организаторите ги почитуваат своите гости, храната и виното се врвни, (а и кафето), дружбата е непроценлива, секоја година е различна музичката програма, – со домашни и регионални ѕвезди, има подароци за сите кои донираат, а е запазена и хуманитарната нота. Гостите се облекуваат како што се чувствуваат и како се расположени. Некои ептен дотерани, особено жените, во тенки хулахопки и високи потпетици, дури и кога е ладно, некои ептен лежерно. Некои гостинки се ептен нашминкани и со фризури како на свадба, а некои без шминка и со коси како за по дома. На некои гости им е важен изгледот, за некои, удобноста. Сите доаѓаат со убави очекувања, и среќни заминуваат дома. Некој со вино, некој со спомени. До следната година! (Л.С.)