На легендарниот водител Лари Кинг за три недели му починаа две деца
САД– Легендарниот американски водител Лари Кинг (86) за три недели изгуби две од петте деца.
Неговиот син Енди изнененадно пoчина на 28 јули на 65 години од срцев удар.Ожалостениот татко не успеа да закрепне од овој удар а во среда почина и неговата ќерка Чаиа (52) од рак на бели дробови.
Со оглед дека водителот уште закрепнува од срцевиот удар од лани, заради коронавирусот не можел да патува од Лос Анџелес на погребот на својот син на Флорида, присуствуваше со помош на радио враска.
-Дeцата го сaкаа и се грижеа за него. Под голем стрес е зошто ги изгуби, вели внуката Џилијан за „Дејли Меил“.
Кинг го посвои Енди во 1962 година кога се оженил со неговата мајка Ален Акинс.Со неа ја доби и Чаиа во 1969 година.
Лари ги има уште децата: Лари помладиот (58), Чез (21) и Кенон (20).
Славниот водител лани се разведе од седмата жена, Шенон (60) по 22 години брак. Со неа ги има синовите Чез и Кенон. Последните години на двојката им беше турбулентна, а причина за разводот е неверството на Шенон.