На која возраст навистина можеме да сметаме дека некој е стар? Еве што вели науката


Ново повеќедецениско истражување ја откри точната возраст на која личноста официјално се смета за стара.

Новото истражување ја открива специфичната возраст на која личноста официјално се смета за стара, предизвикувајќи нè да го преиспитаме нашето разбирање за стареењето и неговото влијание врз животот.

Истражувањето спроведено од Американската психолошка асоцијација опфати 14.056 жители на Германија. Во текот на 25 години, учесниците осум пати биле прашани на која возраст мислат дека некој старее за да се види како нивното мислење се менува со возраста, пишува LADBible.

Резултатите покажале дека средовечните и постарите луѓе веруваат дека староста започнува подоцна во животот, додека помладите мислат дека доаѓа порано. Тоа не е особено изненадувачки. На пример, кога учесниците родени во 1911 година имале 65 години, сметале дека староста започнува на 71 година. Спротивно на тоа, оние родени во 1956 година, кога наполниле 65 години, верувале дека староста започнува на 74 години.

Во текот на четириесеттите години од животот, перцепцијата за возраста малку се поместува. На 64-годишна возраст учесниците во просек мислеле дека староста започнува на 74,7 години, додека на 74-годишна возраст таа граница ја поместиле на 76,8 години. Се чини дека никој не сака да мисли дека е стар. Интересно е тоа што жените и здравите луѓе воопшто мислеле дека староста започнува подоцна од мажите или оние кои се чувствувале осамено или имаат полошо здравје.

Д-р Маркус Ветштајн, авторот на студијата, истакна: „Можеби почетокот на староста е одложен бидејќи луѓето ја гледаат староста како непожелна состојба“. Сепак, ова не е единствената студија за стареење спроведена оваа година. Други истражувања покажаа дека молекулите и микробите во телото значително се менуваат во одредени фази од животот, особено на возраст од 44 и 60 години, што сугерира дека процесот на стареење се забрзува во тие периоди.

Професор Мајкл Шнајдер, генетичар од Универзитетот Стенфорд кој учествувал во истражувањето, изјавил: „Не се менуваме само постепено со времето. Постојат моменти кога доаѓа до драматични промени особено во средните 40ти и раните 60.ти, без обзир на тоа кој вид молекула ја анализираме“. Неговиот совет е да ги приспособиме нашите животни навики додека сме сеуште здрави, за даги успориме овие промени.