На Герасимовски му се падна паричката на традиционалниот собир пред Соборниот храм


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик.

Традиционално, пред Соборниот храм се собравме за да ја одбележиме радоста на големиот Бадник. Со новото кумство, здравицата, бадникарската погача и дабовите гранчиња го споделивме духот на празникот“, сподели градоначалникот на Општина Центар .

„Особена радост ми донесе и тоа што токму мене ми се падна паричката од бадникарската погача – како симбол на среќа, благосостојба и бериќет, кои искрено ги посакувам на сите наши сограѓани“, истакна градоначалникот.