На експериментален концерт во Лајпциг ќе се утврдува колкав е ризикот од зараза
Во германскиот град Лајпциг денеска ќе се одржи необичен експериментален концерт на кој научниците ќе го пресметаат однесувањето на публиката, настојувајќи да проучат колкав е ризикот од зараза со корона вирус на големи собири од тој тип.
The Daily Sabah пишува дека германскиот поп=пејач Тим Бенџко, ги здружил силите со научници од Универзитетската болница во Хале, за да установи дали гфолемите собири како концерти и спортски натпревари се ризични. Тоа ќе го направи со вечерашниот концерт.
„Сакаме да утврдиме колкав е бројот на меѓусебни контакти на учесниците на концерт, што засега не е јасно’, вели водителот на студијата Стефан Мориц.
Публиката на концертот ќе биде опремена со уреди кои ќе овозможуваат следење контакти додека сензори на таванот од салата ќе собираат и евидентираат податроци за нивното движење. Исто така, на сите ќе им биде поделено флуоресцентно дезинфекциско средство.
„По концертот со УВ сметилки ќе знаеле кои површини силно светот, што значи дека посетителите често го допирале“, појани Мориц.
За учество во експериментот се пријавиле само 2.210 лица, од очекуваните 4.000. Организаторите претпоставуваат дека ова се должи и на доцната објава на поканата на социјалните мрежи.
Проектот, наречен Рестарт-19, заеднички го организираа источните сојузни држави Саска и Саска-Анхалт.
Во двете во мементот е допуштено организација на поголеми настани до 1.000 учесници, но под строго одредени услови. Резултатите од студијата се очекуваат во октомври.
Сите учесници на настанот ќе мора на врата да покажат негативен тест за корона вирус, а за време на концертот ќе носат маски FFP2.