На денешната владина седница помина оставката на градоначалникот Папазов

На денешната владина седница поминала оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој ја поднесе оставката по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Информацијата за МИА ја потврдија од Владата.
Папазов заедно со двајцата поранешни градоначалници на Кочани беше приведен и одреден му е притвор, додека останатите двајца поранешни градоначалници се во куќен притвор откако беа прифатени нивните жалби за одредената мерка притвор.
Откако одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на Кочани.