На Бојко Борисов му здодеа од Бугарија, не сака да биде премиер
Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ изјави дека веќе не сака да се „да се занимава со оваа скршена земја“
Бугарија сосем веројатно ќе оди на уште едни избори откако денеска Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ (партијата која на последното гласање освои најмногу пратеници) рече дека се откажува од плановите да биде премиер. И дополни дека веќе не сака да се „да се занимава со оваа скршена земја“.
Борисов изјави дека ја повлекол канидатурата „со големо олеснување“.
„Со олеснување го повлекувам моето барање да бидам премиер. Нема поправка на овој хаос и оваа кал“, рече Борисов за време на брифингот со новинарите во вторникот.
Тој најави дека кога претседателот Румен Радев ќе го предаде првиот мандат на ГЕРБ, тој веднаш ќе биде вратен. Проблемот е што не може да се дојде до процедура за врачување на мандатите, бидејќи сѐ уште не е избран претседател на Собранието, а пратеничките групи не се официјално формирани.
Борисов рече дека не му е важно што ќе прави коалицијата ПП-ДБ со вториот мандат, истото важи и за третиот мандат, кој и да го добие.
Оваа негова одлука доаѓа еден ден откако ГЕРБ ја претстави формулата за управување со земјата, вклучително и нејзиниот лидер Бојко Борисов да биде премиер, а копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, Атанас Атанасов. Тој додаде дека во среда (27 ноември), кога ќе продолжи првата седница на собранието, неговата партија повторно ќе го предложи Раја Назарјан за претседател на парламентот, бидејќи не гледа смисол во друг предлог.
„Не може некој со 12 или 18 гласа да ги носи одлуките во државата. Да го земеме предвид гласот на народот. Ние му даваме одлука како да се излезе од кризата, тие сакаат да ја продлабочат. Зборувајќи за изолација – 100 илјади не можат да изолираат 650 илјади“, додаде Борисов.
На неговата одлука веднаш реагираше еден од лидерите на ПП-ДБ, Кирил Петков.
„Дефиниција на зборот зависност: Ограничување на дејствијата со туѓа волја, моќ, влијание; несамостојност. Тажно ми беше да ве гледам денес колеги од ГЕРБ. При изборот на Бугарија или Пеевски, вие го избравте Пеевски“, напиша Петков на Фејсбук.
„Зависноста во политиката се покажа како најголем порок. Да се биде рамо до рамо со слободни луѓе е привилегија. Продолжуваме да работиме кон сонот за владеење на правото“, напиша Петков.