На аеродром во Ница – лет на „Визер“ за Тирана, слика од Охрид
Можеби е само грешка, ненамерен пропуст, но на аеродромот во Ница, од каде што поминуваат патниците за да се качат на авион има слика од црквата Свети Јован Канео од Охрид со која се најавува летот за Тирана од компанијата „Визер“.
Дали е грешка на аеродромските власти во клучниот град на францускиот Азурен Брег, дали некој од „Визер“ испратил случајно или намерно погрешна слика до администраторите на известувањата за летовите од Ница, може во крајна линија и да не е важно. Важно е што информацијата е погрешна. Неверојатната убавина од Охрид ѝ се припишува на Тирана, што не е коректно.