На 79 години почина актерката Натали Делон, првата сопруга на Ален Делон


Француската актерка Натали Делон – која некогаш важеше за една од најубавите жени во светот – почина од рак, изјави нејзиниот син за АФП.

„Мајка ми почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со нејзиното семејство и пријатели“, рече актерот Ентони Делон.

„Таа почина од многу брз рак“, изјави тој за Франс прес. Таа имаше 79 години.

Делон се закити со меѓународна слава во 1967 година во  „Le Samourai“ – сега оценуван како класика – наспроти нејзиниот тогашен сопруг, легендата на францускиот екран, Ален Делон.

Но, актерката – која е родена како Франсин Кановас во шпанско семејство во Мароко – веќе беше ѕвезда на колоните за озборувања како жената што го презеде Делон од неговата долгогодишна љубовница, филмската ѕвезда Роми Шнајдер.

Со Ален Делон во 1967

Натали Делон подоцна имаше афери со холивудскиот актер Ричард Бартон и американскиот пејач Еди Фишер – татко на актерката од „Војна на вездите“, Кери Фишер – и двајцата беа во брак со Елизабет Тејлор.

Таа го запознала Делон во еден ноќен клуб во Париз кога имала 21 година, а тој бил со Шнајдер, австриската ѕвезда на „Sissi” и „What’s New Pussycat?”?

Делон ја чуваше нивната афера од Шнајдер пред да се омажи за Натали во тајност во август 1964 година и да полета со неа во Лос Анџелес, каде што таа го роди еден месец подоцна нивниот син Ентони.

„Ален никогаш не зборуваше за неа, но од време на време ќе видев како сенка на тага минува низ лицето“, рече таа подоцна.

Шнајдер умре во 1982 година, неполна година откако нејзиниот 14-годишен син почина во несреќа прескокнувајќи ја оградата од нивниот дом.

Натали Делон изјави дека брзо се заморила од својот живот со актерот во холивудските ридови.

„Бев многу наивна. Тој беше неверен, но јас не бев. Кога го оставив, оставив сè зад себе. Го зедов синот и дадилката, и тоа беше сè“.

Делон не достигна слава во САД, како во Европа, иако таа продолжи да живее таму, враќајќи се во Франција за улоги во филмови на славните режисери авторот Жан Пјер Мелвил и Роже Вадим, човекот кој ја откри и потоа се ожени со Брижит Бардо.

Таа во 1980-тите режираше два филма, „Sweet Lies“ and „They Call It An Accident“ во кои и глумеше.

И покрај нивниот неуспешен брак, таа секогаш остана пријателка со Делон, а нивниот син минатиот месец објави фотографија на која го слават Божик заедно.

Француската актерска легенда Делон, кој сега има 85 години, исто така не се чувствува добро, минатата година претрпе мозочен удар. (АФП)