На 71 година почина Јасна Михалинац Белобрк, легендарна југословенска манекенка од 70-тите


Хрватска- Почина Јасна Михалинац Белобрк, една од најпознатите и најуспешните југословенки манекенки од Загреб од 70-тите години на минатиот век.

Модната агентка Тихана Харапин Залепугин ја потврди веста за Вечерњи лист и истакна дека Јасна е „концептот на манекенството и генерација која долго време владеела на модните писти“. Белобрк имаше 71 година, а нејзиниот сопруг Стипе исто така се занимаваше со манекенство.

Иринеа Хабек, ќерка на уште една успешна југословенска манекенка од Хрватска , Бранка Хабек, се прости од Белобрк.

„Пред само три месеци таа беше среќна за роденденот на мајка ми, беше како и секогаш елегантна и вистинска дама, толку добро ги носеше своите години, играше тенис и уживаше во животот во мирот и хармонијата во нејзиниот дом. И во секунда си замина. Одеднаш. Вчера. Јасна Михалинац Белобрк, еден од најдобрите модели на старата гарда. Ужасно тажна“, напиша таа на Фејсбук.

Во каталогот на „НАМА“, 1971

Јасна и нејзиниот сопруг Стипе се испробаа и во актерска кариера. Во 1972 година се појавија во филмот Poslijepodne jednog fazana , во кој глумеа и Мишо Ковач и Раде Шербеџија.