На 65 години почина Кит Левен, еден од основачите на култните „Клеш“


Англија- Кит Левен, гитарист и еден од основачите на бендовите „Клеш“ и „Паблик имиџ лтд.“, почина на 65-годишна возраст.

Левен, кој боледуваше од рак на црниот дроб, починал во својот дом во Норфолк, Англија, оставајќи зад себе трајно наследство и влијание врз британската рок музика, пишува The Guardian.

Левен ги формираше „Клеш“ со гитаристот Мик Џонс и басистот Пол Сајмонон кога имаше само 18 години, а гитаристот, заедно со менаџерот на бендот Бернард Роудс, го замолија Џо Страмер, фронтмен на „101ers“ во тоа време, да им се придружи во „Клеш“.
 
Роден е во Мусвел Хил, Северен Лондон во 1957 година. По формирањето на „Клеш“, тој се повлече од бендот. Тој се појави само на неколку од нивните рани настапи и ја напиша песната „What’s My Name“ од деби албумот на „Клеш“ од 1977 година. Нивната песна Should I Stay Or Should I Go стана планетарен хит.
 
По несогласувањата околу силната политичка припадност на бендот, Левин ги напушти „Клеш“. Откако британскиот панк бенд „Секс пистолс“ се распадна во доцните 70-ти, Левен и водечкиот пејач на бендот, Џон Лидон, го коосноваа „Паблик имиџ лтд.“