На 61 годинa ненадејно почина Масимо Савиќ
Хрватската поп-ѕвезда Масимо Савиќ почина денеска на 61 години, објави неговото семејство.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов Масимо Савиќ почина по кратка, но херојска борба“, напишаа неговата сопруга и ќерка на неговата официјална фејсбук страница.
Савиќ починал во болница каде се лечел од рак на бели дробови.

Масимо Савиќ важеше за еден од најпрепознатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Кариерата ја почна како фронтмен на њу вејв/синт-поп групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на 1980-ите, пред да продолжи како соло пејач.
Публиката низ Македонија уживаше на неговите концерти и вечно ќе ги паметат неговите најголемите хитови: “Iz jednog pogleda”, “Stranac u noci”, “Dodirni me slucajno”, “Da mogu”, “Suze nam stale na put”, “Ostani tu”, “1000 ljudi”, “Kladim se na nas” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.