МЖСПП не знае што се случува во Вардариште
Дали Вардариште се уредува според постоечката студија од 2014 година или се доработува друга, понова, посовремена, па и поадекватна, од Министерството за животна средина и просторно планирање, не знаат.
На денешниот брифинг, министерот Муамет Хоџа, но и раководителите на секотир задолжени за поединечни проблематики во министерството рекоа дека не знаат по кој терк се рамни, чисти и одгаснува дивата ддепонија, која летоска ги крена на нозе жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Маџари и околните места, кои најмногу го чувствуваат смрдежот од депонијата.
Градот Скопје се зафати со расчистување на површинскиот слој ѓубре: камиони одвезуваа ѓубре, по принцип тури-претури, односно од Вардариште, натоварените камиони веројатно заминуваа во „Дрисла“, каде истураа тони и тони ѓубре и земја.
– Околу 424 илјади тони отпад се отстранети при површинското чистење на старата градска депонија „Вардариште“, тврдат од Град Скопје и тоа е само до средината на овој месец, каде пак расчистувањето продолжува, но со намалена динамика, односно со едвај два камиона.
Зошто ваквиот еколошки проблем што ги труе скопјани со децении е оставено само на Град Скопје, без информации кои се споделуваат со Министерството за животна средина, останува нејасно.
Сепак, министерот Хоџа уверува дека за сите теми, кои се во голем број, во следниот период ќе инаформира на неделно ниво, со наменски брифинзи, па можеби и ќе дознаме од еколошки аспект, како се справува државата со проблемот Вардариште.(Б.Б.)