МВР дематира дека во возило на МНР била пронајдена дрога


Во врска со наводите изнесени во дел од средствата за јавно информирање дека возач на  Министерството за надворешни работи додека управувал службено возило бил фатен со дрога од страна на полициски службеници, Министерството за внатрешни работи категорично тврди дека се нетиочни.

-На 16 април од страна на полициски службеници при ОВР Кичево  било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено“) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување што возачот не го доставил на полициските службеници.

Во тој смисол Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред  да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на МВР и на кредибилитет на средствата за јавно информирање, стои во соопштението.