Музичкиот феномен Јаков Јозиновиќ доаѓа во Скопје


Регионалната сензација, хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“. Билетите се пуштаат во продажба во среда, 3 декември во 12 часот преку mktickets.mk . Концертот е во организација на Пасворд Продакшн. 

Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Поље ружа“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ја волим“ кој за неколку дена само на Јутјуб оствари 7 милиони прегледувања, а во Македонија се искачи на самиот врв на листата на најслушани песни на Епл мјузик. Со овие изданија Јаков го најави новото поглавје во својата музичка кариера, кое ја вклучува и големата регионална турнеја.

Во рамки на турнејата тој ќе одржи концерти во Арена Загреб, дури пет концерти во Сава Центар (Белград), како и настапи во Скопје, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Со Јозиновиќ, покрај концертот, ќе биде организиран и специјален настан за дружење со своите македонски фанови, во четврток, 26 февруари, во Скопје Сити Мол во 18 часот.