Мутацијата на корона вирусот која загрижува настанала спонтано


 

Мутацијата на корона вирусот E484K која предизвикува најголема загриженост се појавила спонтано во сојот B.1.1.7 отктиен во Велика Бротанија, рече професорот по епидемиологија и член на кризниот штаб Калум Сампл.

Мутацијата E484K која се јави на протеинот S иста е како промената видена во соевите откриени во Јужна Африка и Бразил кои предизвикаа меѓународна загриженост, пренесе Би-би-си.

E484K, која предизвикува најголема загриженост, исто така се појави спонтано во сојот B.1.1.7 кој прво е откриен во округот Кент, на југоистокот на Англија, рече Сампл за радио Би-би-си.

Податокот дека мутацијата E484K спонтано се појавила во Велика Британија веќе е објавен во техничкиот извештај кој го направи Институтот за јавно здравје на Англија, но не доби поголемо внимание освен во академските кругови.

Во вој извештај се наведува дека откриен е ограничен геном поврзан со мутацијата E484K во сојот B.1.1.7.