MrBeast го објави своето прво видео на платформата X, има речиси 30 милиони прегледи


Откако MrBeast го објави своето прво видео на платформата X, дури ни Елон Маск не го криеше својот ентузијазам за неговиот потег.

Популарниот јутубер MrBeast неодамна објави видео „директно“ на X платформата, а за помалку од осум часа видеото привлече речиси 30 милиони прегледи.

Овој потег доаѓа по „расправијатаа“ меѓу MrBeast и Елон Маск. MrBeast, или Џими Доналдсон, истакна дека не планира да ги објавува своите видеа на платформата X, откако Маск побара од него да започне со објавување на оваа страница.

Во објаснувањето на својата одлука, MrBeast истакна дека создавањето на неговите видеа чини милиони долари и дека нивното објавување на X нема да финансира ни мал дел од тие трошоци.

Сега Јутјуберот објави видео на X наречено „$1 vs $100.000.000 Car“, а во описот истакна дека е заинтересиран да види колку пари ќе заработи видеото на X. Прегледот на заработката ќе биде објавен следната недела.

На неговата објава реагираше Елон Маск, како и извршната директорка на Х Линда Јакарино.

Инаку, во текот на 2021 година, MrBeast забележа добивка од 54 милиони долари. Тој наводно заработува пет милиони долари месечно, што го прави најплатениот создавач на содржини на YouTube, според Форбс.