Мр. Биг не се враќа во новото продолжение на „Сексот и градот“


Снимањето на новото продолжение на серијата, насловено „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That) треба да започне во Њујорк подоцна оваа пролет

 

САД – Ликот на Крис Нот, Џон Џејмс „Мистер Биг“ Престон, нема да се врати во новата минисерија на „Сексот и градот“ на ХБО, 16 години откако заврши последната, шеста сезона и десет години откако излезе филмот „Сексот и градот 2“. Новата серија ќе се снима за стриминг сервисот „ХБО макс“.

Престон играше голема улога во хит-серијата и првите два филма „Сексот и градот“. Во првиот филм, заплетот во суштина се вртеше околу неговата (евентуална) венчавка со Кери Бредшо, која ја играше Сара Џесика Паркер, а двата лика сè уште беа во брак на крајот на вториот филм.

Page Six исто така објави дека во новата минисерија ќе го нема ниту ликот на Стив Брејди во љубовниот живот на  Миранда Хобс. Брејди, кој го играше актерот Дејвид Ајгенберг, беше татко на детето со Хобс во четвртата сезона на шоуто и на крајот се ожени со неа во шестата сезона. Двајцата исто така беа на удар на крајот на вториот филм.

Отсуството на г-дин Биг во претстојната серија има смисла, со оглед на она што наводно било во сценариото за третиот филм за франшизата, кое никогаш не било направено. Укинатото сценарио очигледно го уби ликот на Нот рано – со срцев удар под туш и ја претстави Бредшо како тажна и  борбена по неговата смрт.

Самиот актер ја одмери прераната смрт на неговиот лик и рече дека смета дека сега веќе непостоечкиот проект – и неговата претходна судбина – ќе направат одлична приказна.

Ако Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе ги репризираат улогите, Ким  Катрал нема да биде дел од тимот. Катрал, која ја играше Саманта Џонс, често изјавуваше дека е скептична за нова ТВ-верзија уште откако излегоа филмовите во 2008 и 2010.

Паркер, пак, лани изјави дека е љубопитна да види како би се развивале сите четири лика во денешно време, со новата технологија и социјалните медиуми.

Снимањето на новото продолжение на серијата, насловено „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That) треба да започне во Њујорк подоцна оваа пролет.

Паркер, и сценаристот Мајкл Патрик Кинг, со кој го пишуваат сценариото за продолжението, не се обидуваат да го повторат „Сексот и градот“ од претходно.

„Ликовите веќе не ги живеат своите триесетти. Toа ќе биде приказна за жени во 50-тите години од животот, што ги прават токму работите што ги прават и другите луѓе во своите педесетти. Исто како и во вистинскиот живот, луѓето влегуваат во вашиот живот, но тие и заминуваат. Пријателствата згаснуваат, а се раѓаат нови. Значи, мислам дека сè може да се поврзе со вистинскиот живот“, објаснуваат од ХБО околу тоа зошто серијата е без Саманта.

Сара и Патрик Кинг ќе се обидат да раскажат приказна за тоа како навистина жените се справуваат со средовечноста во Њујорк. Серијата ќе вклучува и мноштво кадри што ќе покажат како изгледа најнаселениот американски град денес.   (Тудеј)