Москва соопшти дека досега биле убиени 1.351 руски војници


Соборен руски авион „Су-25“ во Украина

 

За време на „специјалната операција“ во Украина, загинаа 1.351 руски војник, а други 3.825 беа повредени, изјави Сергеј Рудској, шеф на Главната оперативна управа  на Генералштабот на руските вооружени сили. Тоа го пренесува Интерфакс.

Според него, државата ќе ги поддржи семејствата на жртвите, вклучително и „воспитување на децата до високо образование“, отплата на кредити и решавање на станбените прашања.

Досега руските власти само еднаш пријавија жртви меѓу рускиот воен персонал во текот на воените дејствија во Украина. На 2 март руското Министерство за одбрана зборуваше за 498 загинати и 1.597 повредени.