Москва: Отфрлањето на нашата резолуција во ОН е цинизам


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова го оцени како цинизам на Западот неусвојувањето на руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации.
 

– Советот за безбедност на ОН на 23 март гласаше за нацрт-руската резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, каде мнозинство од членките на Советот беа воздржани и не дозволија усвојување на резолуцијата. Им благодариме на Кина, која гласаше за нашиот предлог, и на земјите кои беа ко-иницијатори, истакна Захарова.

Таа додаде дека исходот од гласањето уште еднаш покажал „циничен пристап кон судбината на Украинците“ и со тоа е остварена желбата да се искористи каков било изговор, дури и од хуманитарен карактер, како изговор за притисок врз Русија.

Во одбиената резолуција се посочуваат растечките хуманитарни потреби во Украина, но не се  споменува причината за тоа. Ден претходно Советот за безбедност усвои друга хуманитарна резолуција за која гласаа 140 земји и само пет беа против, а во која Русија по вторпат се посочува како агресор.