Моника Белучи ја потврди врската со режисерот Тим Бартон


Актерката Моника Белучи ја потврди врската со славниот режисер Тим Бартон. Нивната врска изненади многумина, но како што изгледа работата е многу сериозна.

„Она што можам да го кажам… Мило ми е што запознав човек, пред се. Тоа е еден од оние состаноци што ретко се случуваат во животот… Го познавам човекот, го сакам, а сега ќе одам да го запознаам како режисер, започнува уште една авантура“, изјавила Моника Белучи (58) за Тим Бартон (64) за Elle France.

Моника во последно време е зафатена со улога во филмот „Beetlejuice 2“ на Тим Бартон во Лондон.

„Го сакам Тим. И многу го почитувам Тим Бартон“, рече таа, а потоа продолжи за неговата работа: „Го сакам овој свет на соништата каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме нашите темни аспекти во нешто светло, кое простува. Филмовите на Тим Бартон зборуваат многу за тоа“.

Моника и Тим првпат се запознале пред 16 години, но се вели дека почнале да се забавуваат по средбата на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври. Веста за нивната романса се појави во февруари, кога Paris Match напиша дека двојката „накратко се запознала на скалите на Фестивалот во Кан во 2006 година, но 16 години подоцна, зад сцената на друг фестивал, се зближиле“.

Моника Белучи, која беше почесен гостин на фестивалот, на Тим му ја врачи наградата за животно дело Lumiere на сцената околу времето кога беше објавена нивната врска.

Двајцата беа видени и како одат на проекцијата на Silent Documentary Film во режија на покојниот француски режисер Луј Лумиер од 1895 година. Во февруари тие споделија страстен бакнеж додека шетаа на Денот на вљубените.

Моника Белучи се раздели од уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа беше во брак од 1997 до 2013 година со актерот Винсент Касел со кој ги има ќерките Дева (18) и Леони (13).

Режисерот се раздели од актерката Хелена Бонам Картер (57) во 2014 година по 13 години брак и ги имаат синот Били (19) и 15-годишната ќерка Нел.