Момче и девојче паднале од велосипед – со повреди пренесени в болница


Вчера, на пладне, во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,4-ти Ноември’’ во Битола малолетник додека управувал велосипед паднал на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Добрушево, битолско, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.