Моќен стил на Џил Бајден: Во фустан на Оскар де ла Рента им оддаде почит на Џеки Кенеди, Ненси Реган и Хилари Клинтон


САД– Џил Бајден ја започна својата улога како следна прва дама на САД на победничкиот митинг во Вилмингтон, Де. Прво со облеката со моќна порака.

Стоејќи покрај избраниот претседател, нејзиниот сопруг Џо Бајден, д-р Бајден им оддаде почит на неколку први дами кои дојдоа пред неа. Таа носеше црн асиметричен фустан на Оскар де ла Рента со везени цвеќиња, кадифени розови салонки со украсна машна и соодветна црна маска. Де ла Рента го дизајнираше иконичниот фустан во боја на праска на Џеки Кенеди што ја носеше на државна посета на Индија. Тој, исто така, ги дизајнираше и инаугуративните фустани на Хилари Клинтон и Ненси Реган. Џил обожава брендови како Диор и Живанши, а очигледно како прва дама ќе оддава почит и на американските дизајнери.

Иако немаше можност да зборува на настанот, нејзиното присуство зборуваше многу. За време на неговиот говор, новоизбраниот претседател Бајден им рече на толпата, „како што реков повеќе пати, јас сум сопруг на Џил“, пред да се осврне на тоа колку таа е важна за неговиот живот и кариера.

За време на кампањата, новата прва дама ја искористи својата гардероба за да испрати експлицитни пораки. Таа носеше чизми „Vote“ на Стјуарт Вајцман за да му испрати порака на американскиот народ уште во март. А потоа, на изборната вечер, додека резултатите беа сè уште неизвесни, таа носеше потресна маска на која пишуваше: „Дишете ја позитивноста“.