Многумина ја сакаат свинската маст, но еве што се случува ако ја јадете секој ден


И покрај високата содржина на калории, се верува дека свинската маст може да има добар ефект врз здравјето ако се јаде умерено.

Свинската маст содржи околу 40 проценти заситени масти, околу 50 проценти мононезаситени масти и околу 10 проценти полинезаситени масти.

Свинската маст е богата со витамини А, Д и Е кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, како и елементи како што се селен, калциум, магнезиум, манган, фосфор, цинк, натриум, бакар и железо.

– Од друга страна, секојдневното јадење може да го зголеми количеството на холестерол во крвта. Освен тоа, свинската маст не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со панкреасот бидејќи маснотиите тешко се варат и можат да предизвикаат киселини и болки – изјави нутриционистот Михаел Кутузов.

Тој истакнува дека свинската маст може да го зголеми ризикот од појава на камења во жолчката, но сепак не ги советува луѓето целосно да се откажат од оваа храна.

– Внесот на свински масти треба да биде умерен. Препораката е да не се консумира повеќе од 15 до 20 грама свинска маст дневно – додаде нутриционистот.

Значи, иако не се смета за здраво во споредба со омега-3 мастите како маслиновото масло, свинската маст сепак може да се користи умерено како дел од урамнотежена исхрана.