Многу корисно: Зошто не треба да го фрлате расипаното млеко?

Дури и да е расипано, млекото може да се користи за многу намени…
Внимателно погледнете ја бојата на расипаното млеко, ако е со нормална боја, бела – сè уште може да се користи. Ако ја променило бојата, фрлете го.
Калциумот во млекото може да им помогне на растенијата да растат побрзо и да ги заштити од гниење.
Ако се прашувате кои видови растенија се најдобри за хранење со млеко, тоа се англискиот бршлен, бегонија и африканската темјанушка. Тоа е добар избор за заштита на зеленчукот, како што се тиквичките и доматите, особено ако ги одгледувате во градината.
Исто така, млечната киселина е совршен начин за подготовка на стек или бифтек. Бифтекот може да се остави да одстои во расипано млеко пред термичка обработка.
Секогаш можете да добиете кајмак од расипано млеко, а има многу рецепти.
Можете да користите и млеко кое повеќе не е погодно за употреба како крем за лице. Масирајте го лицето со расипано млеко, а потоа исплакнете го со вода. Ќе видите резултати многу брзо.