Мишел Фајфер ги продава недвижностите во САД и Канада

САД- Мишел Фајфер и Дејвид Е.Кели решија да се разделат со својата палата во Лос Анџелес помалку од две години откако ја купија во договор надвор од пазарот за 22,25 милиони долари. Според Dirt, долгогодишната двојка, која е во брак од 1993 година, го продава имотот за 25 милиони долари.
Сместена во посакуваната населба Пацифик Палисајдс, сосема новата вила во медитерански стил (дизајнирана од архитектот Стив Џанети во 2019 година) се протега на повеќе од 10.000 квадратни метри со седум спални соби и 10 и пол бањи.
Ова не е единствениот имот што го има на пазарот легендарната актерка и славниот продуцент. Тие се обидуваат да продадат уште еден дом во Пацифик Палисајдс, за 7,3 милиони долари и имот од 340 хектари во Британска Колумбија, за 23 милиони долари.