Мирисите на Италија во вашиот дом: Подгответе вкусни тестенини со печурки и сланина


Тестенини кои ќе го направат вашиот дом поубаво место. Уживајте во подготовката на ова јадење, исто како и во дегустацијата!

Состојки:

300 гр тестенини фусили

200 гр сланина

200 гр шампињони

2 чешниња лук

250 мл неутрален крем за готвење

100 гр сос од домати

100 гр павлака 20% мм

1 лажичка сув зачин

бибер

100 гр Трапист кашкавал

сув босилек

 

Подготовка:

Сварете ги фусилите во солена вода според упатството на пакувањето.

Исецкајте ја сланината и пропржете ја во вок тава. Додадете сечкан лук, како и печурки. Пржете додека не омекнат печурките и испари течноста што ја пуштија. Зачинете со суви зачини и бибер. Додадете неутрален крем за готвење, павлака, сос од домати и рендан трапсит. Промешајте да се соедини сосот малку и трапистот да се стопи. На крај додадете ги сварените тестенини фусили, промешајте и посипете со сув босилек. Послужете додека е топло.

Мирисите на Медитеранот ќе доминираат во вашиот дом!