Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано


Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило. Самиот чин е недозволив и не смее да се случи, реагираат денеска од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Правото на протест, додаваат оттаму, е едно од основните права на човекот и е загарантирано со многу меѓународни документи, како и во националните устави на бројни држави.

-Во Република Северна Македонија правото на протест е уставно загарантирано право што подразбира дека граѓаните имаат право мирно да се соберат и да организираат протести, митинзи и демонстрации, се вели во реакцијата.

Министерството, нагласуваат, веќе излегло со соопштение во кое го осудува немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и истовремено информирало дека постапката за физичко обезбедување на сите центри за социјални работи и јавни установи за социјална заштита е во завршна фаза и наскоро ќе се реализира. 

На истата тема:

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп