Минималната плата во Србија од 1 јануари ќе изнесува 64.554 динари (551 евро)


На денешната седница, Владата на Србија усвои одлука за редовно зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 отсто.

Минималната плата ќе се зголеми на 371 динар по работен час и ќе изнесува 64.554 динари месечно.

Пред тоа, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 октомври оваа година за 9,4 проценти или од 450 на 500 евра.