Милијарди стигаат во Украина за хуманитарна и воена помош
Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од Конгресот да одобри 10 милијарди долари помош за Украина. Парите ќе бидат потрошени за борба против хуманитарната криза во земјата и за одбраната на Украина во услови на тековна војна со Русија, пишува „Вашингтон пост“.
И ЕУ исто така најави дека ќе обезбеди дополнителни 1,2 милијарди евра за Украина, а потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис најави дека во март ќе бидат обезбедени најмалку 600 милиони евра без услови.