Мик Џегер се сврши со Мелани Хемрик
Лондон– Фронтменот на легендарната рок група „Ролингстонс“ик Џегер (79) се сврши со својата девојка Мелани Хемрик (36), како што објави Дејли Мејл. Mинатата недела Мелани беше видена со голем прстен на раката, а иако тврдела дека тоа е свршенички прстен, нејзините пријатели дури сега потврдија дека се свршиле.
Мелани ја сподели среќната вест со нив на патување во Њујорк.
Мик и Мелани се собраа на отворањето на сезоната на Американскиот балетски театар каде многумина го забележаа нејзиниот дијамантски прстен.

Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука. Претходно извор за американските медиуми откри детали од нивната врска.
– Мик целосно се промени. Често менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен – рече тој.