Мија Стрејовска е избрана за Мис на Медитеранот 2023  на изборот кој се одржа минатиот викенд во Киренија на Кипар, во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот.

Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а втора придружничка е убавицата од Шпанија.

Финалето во организација на Aya Production од Либан, се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот Les Ambassadeurs во Киренија, на самиот брег на Средоземното море, каде девојките беа сместени и се подготвуваа.

 

Мија е член на Моднато судио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина веќе 20 години.

Ова е шести пат како манекенките од Црнокрак освојуваат победа на Мис на Медитеранот.