Мицотакис: Нема веќе затворање на границите
Грција повторно нема да преземе мерки за затворање затоа што повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани, рече премиерот на таа земја, Киријос Мицотакис.
„Неподготвеноста на населението да се вакцинира не е проблем само на Грција, туку и на глобално ниво. Не можеме да ја направиме вакцинацијата задолжителна, но земјата нема повторно да се затвори за да заштити неколку невакцинирани лица, за да страда огромното мнозинство од грчкото население кое е вакцинирано“, рече тој. Државата се обидува да ги убеди невакцинираните да се вакцинираат, но дека нема да има други рестриктивни мерки.
Да ве потсетиме, ситуацијата со коронавирусот во Грција станува повторно загрижувачка, бидејќи се шири многу заразната делта варијанта.
Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина биле заразени околу стотина млади луѓе и поради тоа биле објавени нови ограничувања.
Од денес, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
Сепак, премиерот во интервјуто потенцираше дека границите повторно нема да бидат затворени.