Мицотакис: Најфундаменталниот аспект на Договорот Преспа е името


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Кога слушам дека новата влада на Северна Македонија во внатрешноста на земјата се нарекува Република Македонија, тогаш сериозно сум загрижен и секако тоа е прашање што сакам да го покренам. Не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија и е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција, Даниел Спекхард, во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations во Вашингтон. 

Мицотакис посочи дека „Северна Македонија сега е земја-членка на НАТО бидејќи Грција го тргна ветото по Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека е договор потпишан од претходната влада, но го почитува бидејќи е „меѓународен договор што ја обврзува земјата“. 

-Но, најфундаменталниот аспект на Договорот Преспа е името Северна Македонија кое мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор. И за ова не се преговара, ова е јасно, се наоѓа во Договорот од Преспа и е нешто за кое Грција не преговара, рече Мицотакис.