Мицкоски утре ќе го добие мандатот за правење влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека веќе се познати имињата на луѓето кои ќе ги имаат клучните места во владата, но не сакаше да даде повеќе детали туку најави дека јавноста наскоро ќе ги чуе имињата.
„Приговорите за новата влада привршуваат во делот на формирање владини ресори и во делот на условно кажано третиот ешалон. Очекувам утре да го добијам мандатот од Сиљановска, по што час поскоро ќе го поднесам составот на идната влада “, рече Мицкоски.
Единствоен, како што кажа, се колеба околу тајмингот бидејќи доаѓаат два големи празника, како и роденденот на ВМРО – ДПМНЕ.
„ Очекувам утре претседателот Сиљановска да го даде мандатот. Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членови на идната влада. Малку размислуваме поради одредени верски празници кои се пред нас, Задушница и Рамазан, ќе треба да се води сметка и за тоа, така што ќе треба да нивелираме некои работи. Очекувам идната влада да биде изгласана пред крајниот рок, дефиниран со закон и Устав“, рече Мицкоски.