Мицкоски: Таравари ми се „вовлекуваше“
Премиерот денеска изјави дека поранешниот министер за здравство му се „вовлекувал“ и дека тоа не било принципелно.
Христијан Мицкоски рече дека уште не можел да му се изначуди на Арбен Таравари по неговото заминување од владата и затоа што го критикува работењето на неговиот кабинет. Мицкоски беше прашан од новинарите како ги коментира оценките на Таравари изнесени синоќа во емисијата „Вин-Вин“ на Телма, каде тој рече дека излегол од владата дека не сакал да биде кукла и дека премиерот не прави ништо за Македонија да продолжи на авропскиот пат. И дека коалицијата „Вреди“ сега е безгласна буква во владата.
„Сè уште не можам да му се изначудам на господинот Таравари, кој тагува за ‘Ѓока’-бизнисот, кој не му успеа, и во јавноста измислува работи што немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Односите во Владата и со нашиот партнер и можам се исклучително принципиелни, за разлика од односите што ги имавме со Таравари, кои беа исклучително вовлекувачки од негова страна.
Така што, претпоставувам дека тој принцип на вовлекување, кој го применуваше кон мене, сега го применува кон неговиот нов коалициски партнер, а тоа е ДУИ. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата, за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети, ме критикува мене“, рече Мицкоски.