Мицкоски со Меџити и Божиновска на Самитот на Европската политичка заедница


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со  потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Англија.

Како што објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил во текот на утрешниот ден ќе биде активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот и ќе зборува за предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави.

Домаќин на самитот на Европската политичка заедница е британскиот премиер Кир Стармер, а ќе се одржи во историскиот амбиент на палатата Бленхајм во Оксфордшир, Англија

ЕПЗ е меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави од кои 27 членки на ЕУ.