Мицкоски се сретна со Филип Рикер во САД


Премиерот Христијан Мицкоски го искористи престојот во Вашингтон заради самитот на НАТО да се сретне и со поранешниот функционер и амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер. 

„Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД, Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните“, напиша Мицкоски за средбата.

Самитот на НАТО ќе се одржи утре, а Мицкоски од саботата е во САД каде што остварува средби со поранешни функционери и влијателни личности.