Мицкоски: Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба
Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, и следниот месец треба официјално да биде пуштена во употреба, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гази Баба.
– Мислам дека е при крај и дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, рече Мицкоски.
Поосчи дека се прават уште сали – три во Скопј, во Крушево и во други градови.
– Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада, истакна Мицкоски.