Мицкоски повикува на мораториум за ЕУ, а не за единство, вели Ковачевски


Димитар Ковачевски во Струга

 

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска од Струга рече дека мораториумот што вчера го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил „мораториумот во главата на Мицкоски за интеграција на државата во ЕУ“. И додаде:

„Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е подготвен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори“, рече ковачевски на митингот во Струга.

Според него: „Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина.

„Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската унија за сѐ. Подготвени се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ“, нагласи Ковачевски.