Мицкоски очекува убава вест од САД за царините
Премиерот Христијан Мицкоски изјави предпладнево дека денеска очекува убава вест од САД за царините за македонските производи.
„Да очекувам убава вест. Изминатите месеци жестоко преговаравме, се сеќавате кога излегуваа тогаш опозициските, условно кажано медиуми, кои што критикуваа како Македонија добила 34 отсто тарифи и не знам што и не знам како“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Карпош.
Тој додаде дека очекува сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска
„Очекувам поволни вести од таму и очекувам некаде околу 63-64 производи кои што се за нас стратешки да бидат со повластена тарифа која што ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и 6,5 проценти“, изјави премиерот Мицкоски.