Мицкоски ќе го поддржи законот за бранители
Премиерот не знае кога законот за бранители ќе дојде на дневен ред во Собранието, но вели дека ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.
Законот, кој стана една голема пречка во односите во владејачката коалиција (а кој го предложи пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска) е предмет на секојдневни реакции. Пратеникот од „Вреди“, Халил Снопче, синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.
На тоа денеска Христијанс Мицкоски одговори: „Нека му е со среќа“.
„Ако некој се заканува, треба и да го реализира тоа, а ако не, остава лош впечаток во јавноста. Јас на заканите не одговарам баш така како што некој може да очекува. Изненаден сум што еден професор користи речник на закани, но тоа е негова одлука. Не знам кога ќе дојде на дневен ред во Собранието Законот за бранители, но кога ќе дојде, ќе ја има нашата поддршка“, рече Мицкоски.