Мицкоски: Иднината мораме сами да ја создадеме


Христијан Мицкоски на митингот во Куманово

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниов митинг во Куманово изјави дека „предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна.  Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи апатијата. Иднината која мораме сами да ја создадеме но и одговорноста која мора да ја примениме“.

Христијан Мицкоски рече дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата. И повторно зборуваше за својата омилена тема, наводниот криминал на ДУИ.

„Ќе одговораат и затоа што Македонија ја донесоа на работ на сиромаштија. Но и ќе одговараат што ја одзедоа државата и приграбија  за себе. Сто души од ДУИ управуваат со сѐ во земјава. Тие мислат дека се господари на животот и смрта, дека располагаат со државата додека безмилосно ја крадат. СДСМ тоа им го овзоможи за да може да владее“, рече тој.

„И кога Али ќе каже дека УЧК ја спасил Македонија, тоа е само израз на лицемиерието преку кој тој преку 2001-та преку злоупотребувањето на судбините и маките на неговиот народ и играјќи си со иднината на државата стигна до милионски имот и дворци во Зајас. После 20 години тој не унапреди никакви права, но неговото чедо Артан стана синоним за сите фаличности и недостатоци на системот, за сите криминали и копрупции. Не сакам да разговарам со емисарите кои Ахмети секојдневно ги праќа за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ за мене е завршено поглавје и ќе оди во опозиција“, истакна Мицкоски.