Мицкоски го повика Гаши да се извини на граѓаните ако рекол дека Косово му е татковина
Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан за изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши дека негова татковина е Косово, денеска одговори дека не ја слушнал, но порача дека од него лично чул дека нивна заедничка татковина е Македонија. Сепак, како што рече Мицкоски, доколку имало таква изјава, тогаш Гаши треба да се извини.
„Мислам дека неговата татковина е Македонија и од она што сум го разговарал, сум слушнал лично од Гаши, дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Но, ако има таква изјава, тогаш треба да им се извини на граѓаните и тоа треба што побргу да го направи бидејќи од тука зема плата. И од страна на Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите е избран за претседател на Собранието“, потенцираше Мицкоски.